„Образложението што го добивме од Министерството за финансии е дека во буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот и го сметаме за неосновано“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“ и потврдуваат дека немаат земено плата за јануари.

„Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот колективен договор со Синдикатот на вработените предвиде покачување од 5 % на платата само за државните службеници што се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот.

Средствата за буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии“, додаваат од претседателскиот Кабинет.

Тие додаваат дека барање за исплата на плата е изработено во согласност со законот.

„Барањето за финансиски средства за плата за јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии, е изработено во согласност со законот во рамките на одобрените средства во буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со колективниот договор за вработените при институцијата Претседател на Република Северна Македонија“, додаваат од Кабинетот за „Макфакс“.