Прашан за измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делото злупотреба на функција, претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски, тврди дека Никола Груевски, нема да се врати во Македонија.
„Не е амнестија на ниту еден начин. Ако тоа навистина беше амнестија, Груевски денеска ќе беше во Македонија.
Груевски не е во Македонија. Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно“, рече Пендаровски.
Сепак, Пендаровски не може да гарантира сценарио дека Груевски би бил испорачан пред правдата во случај да се врати во државата.
