Претседателот Стево Пендаровски на аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан го замолил да се моли и да навива за фудбалската репрезентација на Македонија, со оглед на тоа дека неговата Аргентина не настапува на претстојното Европско првенство.

Поглаварот на Римокатоличката црква од Пендаровски прв го добил новиот дрес на македонскиот национален тим, со кој ќе дебитира на ЕП на 13 јуни против Австрија.

На задниот дел од дресот е испишано името на Папата на кирилица.