На маргините на 78. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк претседателот Стево Пендаровски се сретна со својот украински колега Володимир Зеленски.
„Со @ZelenskyyUa, претседателот на Украина, пред почетокот на 78. сесија на Генералното Собрание на ОН. Поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. #партнерство#поддршка#пријателство“, објави Пендаровски на Твитер за ракувањето со Зеленски што потсети на славното дело „Пинки го виде Тито“ на Јован Поповиќ за средбата на курирот Бошко наречен Пинки со Јосип Броз.