Пендаровски го урна најлошиот рекорд на сите досегашни македонски претседатели

Претседателот Стево Пендаровски го урна најлошиот рекорд за популарност на било кој од досегашните македонски претседатели.

Во истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет Вижн Пендаровски добил доверба од само 0,3 проценти од граѓаните.

Ова е убедливо најмалата доверба на било кој од македонските претседатели од независноста на Македонија.

Предходно најнизок рејтинг на некој претседател беше измерен на почетокот на мандатот на Ѓорге Иванов во 2009 година кога тој имаше доверба од 0,6 проценти но подоцна неговиот рејтинг дојде до 6 проценти доверба или дваесет пати поголем од тој што по 4 години мандат го има Пендаровски.

Низата контроверзни изјави во кои меѓу другото зборуваше дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и дека ќе се исели од државата ако не е претседател, не му помогнаа на Пендаровски да добие поголема доверба од граѓаните.

Низок рејтинг од претседателите имаше и претседателот Трајковски на почетокот на мандатот но подоцна особено по смртта тој стана еден од најпочитуваните македонски политичари.

Киро Глигоров и Бранко Црвенковски секогаш имале најмалку дваесетина пати поголем рејтинг од Пендровски сега.

Анкетата покажува дека Мицкоски има стабилна предност пред Ковачевски кој поради својата функција има речиси автоматска поддршка од дел од населението. Со други зборови поради постојаното присуство во јавноста и влијанието на јавноста на функцијата премиер политичарот што ја имаа оваа функција по изборот за шеф на владата автоматски добива неколку проценти доверба.

Анкетирањето било спроведено од 6 до 16 февруари со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

СДСМ веќе не може да го стигне ВМРО-ДПМНЕ во партиски рејтинг

Расте предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, анкета на Маркет Вижн