Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскот карневал.
„Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување“, објавено е на фејсбук профилот на шефот на државата.
Палењето на бугарското знаме што се случи за време на карневалот во Вевчани преходно го осуди и Министерството за надворешни работи.
Официјална Софија преку амбасадорот во земјава Ангел Ангелов упати остра вербална нота до МНР.