Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски не се согласува со предлог измени на законите за безбедносните служби со кои би се одзеле надлежности од шефот на државата, а би се додале на премиерот.
“Ако ова биде навистина последна верзија и ако јас бидам претседател и ако дојде тој указ за потпишување ако оваа верзија остане на крај нема да се согласам со неа…“ изјави Пендаровски во гостување на „Топ тема“. на Телма.
Тој рече дека нема да се согласи со верзија на Закон за координација на службите во кој последниот збор ќе го има Премиерот.