Пендаровски: Две групи луѓе во Македонија имаат потреба од утро до вечер да повторуваат дека се Македонци!

Претседателот Стево Пендаровски со запрепастувачка дефиниција и поделба на граѓаните на Македонија што се чувствуваат и идентификуваат како Македонци и што го манифестираат тоа.

„Постојат две групи луѓе во Македонија кои имаат потреба од утро до вечер да повторуваат: ‘Ние сме Македонци, кои зборуваат на македонски јазик итн.’. Едните се оние кои сакаат лесни политички поени на брановите на популизмот или на национализмот, кој, нели, за жал, е повторно актуелен во Македонија. Другиот дел од луѓето се оние кои имаат лабаво национално самосознание и навистина им треба постојано да повторуваат дека се Македонци, со македонски јазик, па некои од нив тетовираат и на чело дека се Македонци за да се чувствуваат навистина дека се Македонци! Јас не само што не еднаш сум покажал дека сум Македонец, со корени од дедо и прадедо, туку и никогаш не сум имал потреба со кој било соговорник дома или во странство да кажувам: ‘Знаете што, јас сум Македонец, само и од вас барам потврда да ми кажете дека навистина сум Македонец’“, ја објасни Пендаровски во интервју за Сител својата формулација „народот којшто живее таму“ во одговорот до полската новинарка за време на неговата посета на оваа земја пред неколку дена, наместо да го именува народот како македонски или Македонци.