Пендаровски доби поддршка од борците

Претставници на борците, застанаа зад концепт што води напред на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и порашаа дека и во 1941 година застанале на вистинската страна и ја извојувале слободата, еднаквоста.

На 5 мај вистинската страна е гласот за Пендаровски кој носи во модерна, европска и слободна држава.

Пендаровски во своето обраќање посочи дека Македонија е изградена на принципите на слога и единство и отсекогаш била и ќе биде мултиетничка држава во која сите треба да имаат исти права.

Извор: I Portal