Пендаровски до Заев: Сега нема што да бараме во Софија (ВИДЕО)

И претседателот на државата, Стево Пендаровски е против идејата на премиерот Зоран Заев да оди во Софија

Сѐ додека Бугарија не направи политичка Влада и не конституира Парламент кој ќе има мандат од четири години, ние нема што да бараме од Софија, изјави попладнево претседателот Стево Пендаровски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

„Моја препорака до Владата е да се задржи до секторските, акциските соработки и воопшто да не се обидува сега, во овој период, или во наредниот, ако немаат шанса да направат Влада, да направи пробив по тие прашања“,рече Пендаровски.