Запрашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, претседателот Стево Пендаровски најави дека ќе се солидаризира со скопјани.

„Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам“, рече Пендаровски во синоќешното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки за ублажување на ефектите од кризата, ќе го помине тој тест.

„Според она што го знам и јавно е познато до овој момент, Владата тврди дека нема да има рестрикција на струја. Владата тврди дека ќе имаме проблеми да набавиме енергенси по релативно пристапани цени за нашата економија. Но, дека ќе има количини, ќе има“, рече Пендаровски.