Вицепремиерот Артан Груби за неколку недели се најде во центарот на вниманието на јавноста, медиумите, дипломатите, бизнисот и дел од државните институции поради инволвираноста во повеќе скандали во кои главни играчи се негови блиски луѓе, како неговиот брат, член на неговиот кабинет и други лица.
Водечкиот играч на ДУИ во владата за само две недели според медиумите стана еден од најинволвираните државни функционери поврзуван со корупциски скандали.
Во инфографиката направена врз основа на медиумските извештаи, изјави на политичари за можната корупција на ДУИ се содржани активности само за две недели во текот на месеците Февруари и првата недела од Март.
Оваа фрекфенција на обвинувања кон Груби го прави најмногу споменуван политичар за најкратко време во корупциски скандали во историјата на Македонија.