Трикратниот шампион Франција, домаќинот и двократен првак Германија и селекцијата на Швајцарија ќе им бидат противници на машката ракометна репрезентација на Македонија во групата А на 16. Европско првенство, кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе стартуваат на 10 јануари против Французите во Берлин.
Во следната фаза одат двата првопласирани тима од групата, кои во Келн ќе вкрстат со по два најдобри состава од групите Б (Хрватска, Шпанија, Австрија и Романија) и Ц (Исланд, Унгарија, Србија и Црна Гора).
Во групата Д ќе играат Норвешка, Словенија, Полска и Фарски Острови, групата Е ја сочинуваат Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина и Грузија, а во групата Ф ќе ги одмерат силите Данска, Португалија, Чешка и Грција.
Во досегашните седум учества „црвено-жолтите“ остварија 8 победи, 5 нерешени и 24 порази, со што се наоѓаат на 17. место меѓу 29. репрезентации што настапиле на еврошампионатите досега.
Најголем успех на Македонија е петтото место во 2012 година во Србија, а на последното ЕП 2022 во Унгарија и Словачка македонските ракометари завршија на 22. место.