Пејачката Андријана Јаневска која на златната Буба Мара на популарноста заедно со Игор Џамбазов ја отпеа песната за бугарскиот фашистички масакр во Ваташа е избрана за најдобра пејачка на светот.
,,Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате”, објави Јаневска денеска.
Песната за 12 убиени младинци (Ми заплакало село Ваташа) кои биле масакрирани од бугарските фашисти која Јаневска ја отпеа на Буба Мара стана една од најпрегледуваните македонски песни на Јутјуб на сите времиња.
Предходно Јаневска заедно со Игор Дурловски ја отпеа и Заветна