ПЕИ: Во Уставот да влезе и торбешкиот народ

Партијата за европска иднина смета дека торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус, и бара торбешкиот народ да биде впишан во Преамбулата на македонскиот Устав зашто според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики – заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми.

„Торбешката популација во Република Северна Македонија, врз основа фактичката состојба поседува свој идентитет, што подразбира припадност на самиот себе, и тој идентитет низ историјата, во повеќе фази низ кои минало населението на овие простори не претрпела дисконтинуитет низ историското траење: Торбешите постојано биле Торбеши, било да се третирани како такви одвнатре од самите нив или однадвор од другите околу нив. Торбешката популација, без оглед нарекувана во определен амбиенти,останала таква каква што е – Торбешка.

Со досегашното невклучување на оваа попилација во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија е направена неправда спрема голем број од населението кое по бројност е на трето место во Република Северна Македонија.

Сметаме дека со внесување на Торбешите во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, ќе се исправи оваа голема исправаа направена кон оваа голема популација и ќе се создадат и претпоставки за интегрална Република Северна Македонија, која е единствена наша држава.

Демократијата и основните човекови права можат да бидат ставени на хартија и во пракса да ги нема, но никогаш нема да ги има во пракса ако не бидат ЗАПИШАНИ на хартија.

Токму од тие причини БАРАМЕ:

– Во нацрт амандманот за промена на преамбулата да Уставот на Република Северна Македонија, да се внеси како уставна категорија, Торбеши односно. „Торбешки народ“, се вели во соопштението на Партијата за европска иднина.