Пехар од Трамп за јапонски сумо-борач

 Доналд Трамп денеска му врачи пехар, наречен Претседателски куп, познат и како „Трамп куп”, на победникот во дуелот во сумо борење, на кој присуствуваше и премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе.

„Вечерва во Токио, Јапонија, на стадионот „Ригоку Кокугикан”, имав чест да го врачам првиот американскиот Претседателски куп на сумо-шампионот Асанојама.

Честитки! Сите одлично се проведовме“, благодарам Шинѕо Абе, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот преседател е во официјална посета на Јапонија.