Павлопулос: Грчките барања за репарација од Германија се легални

Грчките барања од Германија во врска со присилниот заем за време на Втората светска војна и за воените репарации кои датираат од времето на нацистичката окупација се „законски активни и судски извршни“, изјавил Прокопис Павлопулос во своето обраќање на официјалната вечера одржана во чест на германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер на Атина.

Павлопулос рече дека барањата на Грција не се унилатерални или арбитрарни, туку се направени во контекст на заедничката меѓународна и европска правна култура, врз основа на која секоја страна е слободна да ги поддржи своите позиции пред судовите.

Грција (ќе) бара 280 милијарди евра отштета од Германија за Втората светска војна