Буууахахахахахаа! Какво епохално салто мортале на владејачката партија. СДСМ во вторник ќе предложел Резолуција за Илинден во македонското Собрание?!
„Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја. Светилник на нашата борба за посебност и независност. И тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија. Во или вон Македонија. Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2 август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега“, ќе порачаат новопечените „патриоти“ од „Бихаќка“.
Да го објавеше ова кој било друг од македонската политичка сцена – и така, и така. Ама, па, партијата чиј претходен лидер Зоран Заев уште пред десет години, кога застана на чело на седесето, ќе стави на знаење дека ним не им личел патриотизмот?!
Ќе мора некој да ги штипне Македонците за да се уверат дека не сонуваат. Дојде време како патриоти да им се претставуваат тие што го избришаа подот со резултатите од пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година, кога две третини од избирачите со својот бојкот јасно им ставија на знаење дека се против промената на името на македонската држава.
Одеднаш глумат патриоти тие што воведоа двојазичност на целата територија на државата, дури и во средини каде што не живее ниту еден Албанец, откако претходно уверуваа дека двојазичноста била само во главите на „небањатите“. Ги одвраќаа експерти, Венециската комисија, огромниот дел од јавноста. Бадијала. „Прогресивциве“ ќе граделе „ено опшесво за сите“ – нив.
Преку ноќ како самозамислени патриоти се пробудија тие што на референдумот за територијалната поделба во 2005 година, со која Струга и Кичево вештачки станаа општини со доминантно албанско население, а Скопје двојазично, повикуваа за бојкот со пораката дека „некои прашања не заслужуваат одговор“.
Најсетне, како патриоти помислиле да се нудат потписниците на капитулацијата од Нивици и на договорот со источниот сосед по кој, спротивно на најавите, не остана ни „д“ од добрососедство, а камоли пријателство и соработка?! Па, дури и бугарскиот новинар Љупчо Нешков ќе констатира дека границата меѓу Македонија и Бугарија е пуста како никогаш во последните 60-70 години.
Слушнале за некаква декларација за Илинденското востание во бугарското Собрание од сопартијци на „умерениот“ и „прозападен“ Кирил Петков, па кренале нога и „жабиве“ што потсетуваат и како за нив да е наменета славната изрека за шлеперот на нивниот партиски експретседател Бранко Црвенковски. Се нашле повикани демек да го бранат Илинден, а со протоколите што се составен дел на фамозниот Француски предлог се обврзаа за промени во учебниците по историја, меѓу другото, и за тој период?!
Откако и на врапчињата веќе им е јасно што ги очекува божемните социјалдемократи на соочувањето со избирачите в година, наеднаш им текна да се престорат во тоа што не се и никогаш не ни биле. Посебно ако се споредат со нивните претходници, на чиј континуитет како партија се повикуваат.
Впрочем, и несудениот нобеловец од Муртино кај Муки во емисија убаво им кажа да не глумат лудило: