Државното јавно обвинителство на Република Бугарија денес на прес конференција истакна дека загинатите во страшната сообраќајна несреќа починале од задушување.

Заменик главниот обвинител, Борислав Сарафов вели дека во нивните бели дробови се утврдени траги од чад.

Тој додаде дека досега се испрашани двајца сведоци, односно патници во автобусот којшто биле будни во моментот на несреќата.