Александар Милетиќ од Куршумлија однел печено јагне на одмор во Грција и ги изнасмеа корисниците на социјалните мрежи.
„Дали некој друг однел цело јагне во Грција?“, ги праша членовите на групата „Грција инфо“ на Фејсбук.
„Патлиџан-туристи, повисоко ниво. Уживајте“,
„Не е добро кога носат патлиџани, епа луѓето донесоа јагне и ептен е супер“,
„Ајде некој да ни каже дека сме патлиџан -туристи…. Другари, само класа“ , се некои од коментарите.
На прашање дали навистина е можно да однел цњело јагне, Александар вели:
„Го испековме во Куршумлија и го завиткавме во фолија, го ставивме во багажник и се упативме кон Пефкохори. Седум дена ручавме секој ден“, рече тој.
