Украинската трагедија предизвикана од руската агресија радикално ќе ги промени меѓународните односи. Стариот светски поредок, кој беше создаден на крајот на Втората светска војна, е минато.
За жал, Бугарија се покажа неподготвена за овие тектонски промени. Загубено е драгоцено време и сега мораме да дејствуваме со молскавична брзина ако сакаме Бугарија да биде фактор во регионот, пишува главниот уредник на агенцијата БГНЕС Георги Пашкулев..
И покрај нашето големо доцнење, вели Пашкулев, Софија мора јасно да ја покаже својата евроатлантска ориентација и да ја искористи својата поволна географска положба како црноморска земја.
„Сегашната ситуација ѝ дава единствена шанса на Бугарија да стане вистинска членка на евроатлантската заедница …“ вели Пашкулев и потсетува дека „нашите геополитички интереси на Балканот, кои се од огромно значење за нас, во голема мера се совпаѓаат со интересите на САД и Германија“.
Затоа тој препорачува:
„Време е да заземеме бугарска позиција, да престанеме да маневрираме или да се спуштаме. Оваа позиција не не’ прави ниту предавници на словенството, ниту предавници на православието или русофоби. Тоа ќе не’ направи почитуван партнер во очите на САД и Германија и во очите на Русија, бидејќи ќе престанеме да ја лажеме Москва.
Да бидеме достојни Бугари, да ја искористиме нашата географска положба како црноморска држава за да ги заштитиме бугарските и евроатлантските интереси во регионот на Западен Балкан, уништувајќи го еднаш засекогаш антибугарскиот проруски македонски проект и српскиот свет на диктаторот Вучиќ, помладиот брат на рускиот свет на Владимир Путин. БГНЕС