Партијата на Турците во Бугарија сака во влада

Движењето за права и слободи (неофицијално партија на етничките Турци, зашто Бугарија не признава малцинства) сака да влезе во идната влада, и е подготвено да го поддржи, вклучително и првиот мандат на ГЕРБ.

Ова го изјави за БНТ партискиот претставник Рамадан Аталај.

„Нема шанси ДПС да не сака да биде на власт. Затоа што кога бевме на власт, економскиот раст беше меѓу 8 и 10 %, истакна тој.

Според него, се уште се прават обиди за конструктивен дијалог за да се формира влада која ќе ја изведе земјата од голем број кризи. Но, требаше да се седне на маса и да се разговара за приоритетите, а не да се гледаат теснопартиски интереси.

„Убедени сме дека можеме да дојдеме на власт и да ја извлечеме земјата од кризата. Имаме многу добри експерти. Мислам дека луѓето се уверија во тоа“, посочи и Аталаи.