Бугарскиот претседател Румен Радев, во петок по трет пат треба да го додели мандатот за состав на влада во Софија откако победничкатѕа „Има таков народ“ не успеа во тоа, а второпласираната ГЕРБ на Бојко Борисов – веднаш го врати мантадот.

Сега од Има таков народ велат дека нерма логика да се бара поддршка за влада од мандатар на некоја помала парламентарна партија, откако победничката партија не го доби тоа.

Ставот на партијата „Има таков народ“ останува непроменет, и покрај повиците од другите парламентарни формации да ги продолжат разговорите за формирање влада со трет мандат.

„…искрено не гледам логика во првиот мандат да не се поддржи ништо, а а потоа да ни се нуди со третиот (мандат) “. – коментира заменик-председателят на парламентарната група на ИТН, Ивајло В’лчев.

Останува нејасно на кого Румен Радев ќе го додели мандатот за состав на влада, откако стана извњесно дека тоа нема да биде БСП -третата по големина парија во бугарското Национално собрание.