„Не можеме да поддржиме влада на ГЕРБ, знаејќи дека Борисов стои и гледа секоја минута за секоја акција на народот на ГЕРБ, така што тоа што го ветивме пред изборите, ќе го исполниме по изборите, затоа нема да поддржиме ниту една влада на ГЕРБ, ниту влада на ДПС…“, изјави копретседателот на „Продолжуваме со промената“ и екс-премиер Кирил Петков.

Според него, во овој парламент нема начин да се поддржи малцинска влада.

„Сакам да го почекам крајот на првиот мандат, нека ја преземат целата одговорност, да видиме што ќе направат, дали ќе ја направат хартиената коалиција и ќе имаат влада, ова е сосема можна опција, а потоа ќе продолжи понатаму“, најави Петков.

Тој реагираше на кфалификациите од претседателот Румен Радев, дека е шарлатан.

Имано, Румен Радев во својата најостра изјава упатена до лидерите на партијата Продолжуваме со промената рече дека жали што им дал шанса на Кирил Петков и Асен Василев да бидат вршители на должност министри за економија и финансии во првиот кабинет назначен од Радев во 2021 година, а потоа и да состават влада.

„Кога ќе видиме дека нешто работи против бугарските граѓани, ќе бидеме критичар, без разлика како се чувствува некој. Загрижен сум за работи за кои верувам дека се вистинити. Ова нема врска со вистината“, рече Петков, осврнувајќи се на изразот на шефот на државата „шарлатан“.