Партијата на пензионерите во коалиција со СДСМ на локалните

Партијата на пензионерите вчера донесе одлука на претстојните локални избори, кои ќе се одржат во октомври 2021 година, да учествува во коалицијата предводена од СДСМ.

Ваквата одлука, покрај досегашната плодотворна соработка, се темели и на фактот дека определбите од Програма на СДСМ, кои се однесуваат на прашања од доменот на пензионерските политики, имаат најголема компатибилност со Програмата и решенија кои, во таа свера, ги нуди ПП.

Партријата на пензионерите го реафирмира слоганот „човекот е на прво место“ и своите политики за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, за солидарно општество, за образованието, младите и за животната средина.