Пред да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие, актуелниот директор на „Македонска пошта“, Ејуп Рустеми, да биде повикан на одговорност согласно Законот за јавните претпријатија, бара партијата на Мирјана Најчевска „Твоја партија“.
„За повеќекратно поднесување на негативен извештај за работа, да биде повикан на одговорност од страна на Управниот одбор согласно Законот за јавни претпријатија, да биде повикан на одговорност затоа што не ги отстранил негативностите во работењето во рок од 6 месеци, да одговара солидарно и неограничено за нанесената штета и да биде разрешен од функцијата. Уништено е јавно добро, нанесена е огромна штета и едно јавно претпријатие е доведено до пропаст, стои во соопштението од „Твоја Партија“.
„Партиите на власт, без оглед на последиците кон јавното добро и економијата воопшто, со потегот на назначување/наградување на директор на државни патишта, докажува дека тесно политичките пазарења и партиски интереси само ја продолжуваат праксата на поделба на пленот наречен власт“.
Твоја партија бара одговорност од директорот, Управниот и Надзорниот одбор за нанесената штета на државата и на граѓаните.(Фактор)