Партијата на Грците од Албанија во коалиција со опозиционерот Бериша

Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година.

По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со „Партијата за единство и заштита на човековите права“ на Вангел Дуле, инаку партија на Грците во Албанија, јавува МИА.

„Заедно одиме кон изборен триумф. Слободно дадениот глас ќе ја врати демократијата во земјата. Според договорот, Демократската партија нема свои кандидати во општините каде Партијата на нашиот сојузник Дуле веќе утврди свои кандидати, објави Бериша.

Претходно Партијата на Дуле и грчкото друштво “Омонија” ги утврдија кандидатите за градоначалници во Финиќ, Дропул и Химара, во јужниот дел на земјата, населени главно со Грци.