Партијата на Георгиевски за Никола Димитров: Плачко и антибугаризам

„Во македонската 30-годишна демократија досега заминале многу министри ама вакво плачење за министерска фотелја одамна немаме видено“, стои во реакција на ВВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски, за вивепремиерот Никола Димитров за кој велат дека во својата кариера потпишал два недоречени договора.

„Во Преспанскиот договор очигледно заборавил да ги стави точките за гарантирана согласност од страна на Европската унија за нашата евроинтеграција и сукцесивност во менувањето на името, односно како Македонија ќе напредува во интеграциите така и да се движи процесот на менување на името.

Во договорот, пак, со Бугарија исто така нема член за безусловна поткрепа на евроинтеграцијата од страна на Бугарија што денес практично е најголемиот наш проблем“, објаснуваат од партијата.

Од ВМРО-Народна посочуваат дека Димитров во своето заминување избрал да се занимава со неговите патриотски ставови околу спорот со Бугарија, иако, како што велат од таму, семејството Димитрови е едно од најпрозваните во минатите триесет години како бранители на тезата за „македонските бугари“.

„Овој негов излив на антибугаризам го сметаме само како доказ за тоа со какви лични фрустрации и комплекси растело едно дете во такво семејство“, се наведува во париската реакција.