Партија “труе” дечиња со политичка пропаганда, Омбудсманот, Хелсиншкиот комитет и “Цивил” молчат

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Илинден Александар Тодоровски во училишен двор давал партиски материјал на ученици во три училишта во својата општина.

Тој самиот признава дека доделувал помош партиски симболи и објавил на Фејсбук.

“Почитувани,

Денес на најмладите ученици им подарив школски прибор со порака за успешна учебна година.

Воедно им порачувам “Дечиња најмили, добредојдовте пак во училишните клупи. Вие сте наше најголемо богатство, најголема мотивација. Бидете среќни, учете, образувајте се, вие сте нашата иднината.”

Во текот на утрешниот ден ќе подариме прибор и во училиштата во Кадино и Миладиновци.

Како иден градоначалник на Општина Илинден ќе се фокусирам на поквалитетно образование на нашите деца. Како родител знам колку е битно образованието во развој на децата.

Со почит”, објави Александар Тодоровски кој помошта за децата ја дава во пропаганден материјал на кој пишува ,
“Најдоброто За Нашата Општина” што е името на партискиот проект на СДСМ кој започна во јуни.

Што најави СДСМ во јуни

https://iportal.mk/makedonija/sdsm-najdobroto-za-nashata-opshtina-gi-intenzivirame-terenskite-aktivnosti-ostanuvame-gragjanite/

За скандалот молчат и омбудсманот, и Хелсиншкиот комитет и невладината Цивил.

Линкот со постот на Тодоровски

https://www.facebook.com/932812936737343/posts/4635859963099270/