Партија која бара анексија на Македонија стана четврта од седум политички сили во Бугарија

Излезните анкети за довербата на бугарските политички партии покажува дека ултранационалистичка партија Преродба освоила околу 10 проценти од гласовите на денешните избори.

Ова рекордно високо ниво на гласови за оваа партија која едвај влезе во минатиот парламент.

Преродба или Вазраждане во својата партиска програма пишува дека сака да ја анектира Македонија.

Веб-страницата на Препород има цела страница посветена на нивната политика за „обединување со Македонија“.

vazrazhdane.bg/programa/makedonia

Вазраждание според програмата се бори за: „Целосна економска, културна и политичка интеграција со Македонија, до целосна интеграција на двете бугарски држави“.

Во водство според излезните анкети е ГЕРБ основана од Бојко Борисов а Партијата за промени на екс премиерот Кирил Петков е втора.

Дали Вазраждане може да влезе во владата и да се обиде да ја анкетира Македонија засега не е целосно јасно. Засега никој не најавува коалиција со оваа проруска партија но на бугарската политичка сцена се е можно.

Со пратениците на Проруските супернационалисти Борисов може лесно да направи нова влада.