Парите за инвертери ќе стигнат среде зима


До крајот на декември ќе треба да се разгледааат и одобрат 10 илјади апликации за замена на печките на дрва со инвертери.

Парите во висина од по 1.000 евра за инвертер, односно вкупно 10 милиони евра веќе се обезбедени од страна на АД Електрани, но сепак останува да се завршат останатите процедури, дознава Алсат М.

 Пробната мерка ќе биде наменета за четирите градови каде има најзагаден воздух, односно Скопје, Битола, Тетово и Кичево.

 Предност ќе имаат семејствата со месечен приход до 30.000 денари.