Новата претседателка на Судскиот Совет инаку дел од правосудната партиска елита на СДСМ Весна Дамева со својата вчерашна неверојатно глупа изјава индиректно најави како ќе се одвива нејзината партиска мисија во најважното судско тело.
Ако се суди според нејзината изјава за фотографијата на која е заедно со луѓе од врвот на СДСМ таа во иднина ќе не убедува дека можни противзаконски однесувања и криминал нема да оставаат впечаток дека сработи за криминал и непочитување на законот.
Во изјавата на неделата според Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит, Дамчевска дава неверојатно чудна изјава која треба да ја анализираат психолози, социолози и експерти за вуду магија.
„ТАА ФОТОГРАФИЈА НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ВПЕЧАТОК ДЕКА СУМ ДЕЛ ОД ЛИЦАТА ШТО СЕ ПРИСУТНИ НА ФОТОГРАФИЈАТА“, изјави Дамчевска откако беше фатена на фотографија со Зоран Заев и луѓе од СДСМ.
Дамева e поранешен член на правната комисија на СДСМ. Дамева е член на Судскиот совет од 2019та предложена од Претседателот Пендаровски, а според нејзината биографија, таа НИКОГАШ НЕ БИЛА СУДИЈА. Работела како стручен соработник во Скопскиот кривичен суд во тимот на судијата ДОБРИЛА КАЦАРСКА.
Шефот на Јавното обвинителство за организиран криминал од ДУИ Ислам Абази во првата изјава кога беше фатен со братот на Ахмети и високи функционери на ДУИ на многу конфузен начин тврдеше дека се сликал од формално-правен аспект.
Дамева сега тврди дека вопшто не е дел од лицата присутни на фотографијата иако јасно се гледа дека се сликала со Заев, забележува Илиевски кој ги користи хаштазите:
#ЧирибуЧириба #ТоаШтоГоГледашНеПостои #СДСМагија
Видеото кое ги докажува паранормалнкте моќи на Дамева на овој ЛИНК