Паралелниот универзум на изгубените случаи на ингениозната министерка – пишува Драган Милосављевиќ

Сашо Тасевски се скарал со министерката Мила Царовска околу летните манџи и тоа на „активистиве“ им е главна занимација три дена.

Отвориле хаштаг СоНеаСме и дрват ли дрват во поддршка на најнеспособната министерка во историјата на независна Македонија, секако и во поранешна Југославија а можеби и во времето на Кралството СХС плус и на бугарските окупации во Првата и Втората светска војна. Бидејќи Сашо Тасевски ги загрозувал женските права со некој коментар за летни манџи!

Државата пропадна пред наши очи, ја нема никаде, зајде како сонцетот од глупавото лого, но „активистите“, НВО конформистите, паралелниот универзум на изгубените случаи тоа не го гледа и дебатира ли дебатира за маките на Царовска.

Нормално дека СоНеаСте бидејќи преку нејзините бесмислени проекти заработувате и живеете како бубреџе во лој, зациментирани во тој ваш изолиран универзум составен од пар стотини истомисленици кои не гледаат подалеку од носенцето, па не знаат дека сме најсиромашна, најнеобразована, најневработена и најдепримирана нација во Европа. Меѓу другото и поради ингениозноста на вашата министерка и нејзините колеги.

А не можете ниту да видите дека жените со КоиНеСте, работат за 100 евра во конфекции, дека во болници умираат трудници, дека мамлази на власт им вршат мобинг, дека ги тепаат насилници неказнето, дека преживуваат од први до први со заеми и кредити, дека работат по дома после работно време затоа што немаат пари за помошнички, дека бараат начин да избегаат од земјава бидејќи не можат повеќе да ги издржат „убавините“ на системот кој го создавата вие и вашата министерка.

Ама вие не знаете, бидејќи СоНивНеСте и нема никогаш да бидете, вие сте залепени за невладината министерка во Влада, СоНеаСте и засекогаш ќе бидете.

Живееме во два различни света, во две различни вселени – Ние што не сме со неа и Вие што сте со неа, да ви се мочам во хаштагот!