Пановски: Нема бегање, сите ќе го прележиме „омикронот“

Микробиологот, проф. д-р Никола Пановски смета дека заразата со омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне и потсетува дека над една третина од тестирањата се асимптоматски случаи..

„Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме.

Некој на нога ќе го помине, особено што според податоците на Институтот за јавно здрвје покажуваат дека 30 проценти од тестираните досега се асимптоматски случаи.

Замислете колку луѓе има кои што одат на работа, не се тестираат и се позтивни’ рече Пановски во гостувањето во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

Делта вирусот доминира. Останува дека нашата смртност е далеку прва во светот. Тука има влијание вакцината, начинот на лекување… рече Пановски.