Во синоќешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5, епидемиологот Драган Даниловски апелираше власта да ги употреби сите методи – па дури и луѓе кои што играат и голф со газдите на фармацевските компании или оние кои пијат кафе со нив еднаш неделно- да се излобира и да се обезбедат вакцини.

Микробиологот Никола Пановски, од своја страна истакна дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата, приватно и забележа дека Македонија нема амбасадори во периодот на пандемијата во клучни земји.

„Имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовакс“ вакцина, предлог договор до македонската влада на која не одговара. Мене тоа на приватниот меил ми го имаат испратено“, рече Пановски.

Можевме да се „шлепаме“ бар со Србија или со останатите земји од Балканот да набавевме заедно, а не да останеме без вакцини. Имавме понуди и од Русија и од Кина, му веруваме на западот, а никој не е излажан како нас.

Нашата влада не одговори на Кина, не одговори ниту на Русија за вакцините“, нагласи Пановски.

Според него, законот треба да се смени, треба да не се носат маски таму каде не може да се пренесе вирусот и да му се олесни на народот.