Професорот од Институтот за национална историја Митко Б. Панов со порака до тие што сега решаваат за историјата како да таа ќе заврши денес.
Тој смета дека тие треба да се запрашаат како нив ќе ги третира историјата еден ден.
,Кога некои ја третираат историјата како затвор и пречка за напредок, треба да бидат свесни дека денешниот ден утре е историја. Затоа подобро е да се запрашаат како историјата ќе ги третира нив, а не како тие ќе ја третираат историјата. Тоа е вистинската лекција на историјата”, пишува професорот Панов.