Паника во „Фајзер“: Украдени податоци за вакцината против Ковид

Компанијата покрена тужба против долгогодишна вработена за наводна кражба на „голем број“ доверливи документи, вклучувајќи ги и оние поврзани со вакцината против корона.

Според „Фајзер“ вработената, Џун Ксијао Ли, која го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање на повеќе од 12.000 датотеки, без дозвола, на нејзините лични сметки и уреди службениот лаптоп.

„Поради големиот број документи што г-ѓа Ли незаконски ги присвои, „Фајзер“ допрва треба да го утврди обемот на деловните тајни и доверливите информации што ги поседува“, велат од компанијата.