Очевидци сведочат за паника и хаотична ситуација во центарот на Скопје во близина на објектот на Македонскиот народен театар, Музичката академија и средното музичко училиште аилија Николовски Луј.

Според сведоците полициски специјалци влегувале во простории во средното музичко училиште и барале заедно со учениците професорите да го напуштат поради закани за поставена експлозивна направа.

Полициските специјалци ги информирале граѓаните дека се работи за образована институција а во овој дел од денот активности има само во средното музичко училиште каде што стотици деца одат на настава на различни музички часови.

Хаосот можел да се забележи и на Камениот мост во Скопје преку кој биле евакуирани голем дел од луѓето кои се нашле во близина на погоре наведените институции.

Засега МВР не јавува официјално за какви точно закани станува збор.

“Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации“, се вели во информацијата од МВР.

Полицијата со објаснување за евакуацијата во центарот на Скопје

МВР: Непознато лице телефонски најавило напад во билетара на МНТ