Паника меѓу вработените во седиштето на Владата на Илинденска број 2 откако владини извори информираа дека вработена во Генералниот секретаријат на Владата е заразена со КОВИД-19.

Неофицијално, лицето кое е заразено било тестирано на 8 јуни.

Според информациите од Владата најмалку десетина колегите со кои имала контакти се уште не се пратени во самоизолација.

Спротивно на сите протоколи кои ги донесе владата во која работа тие редовно доаѓаат на работа и имаат секојдневни контакти со другите вработени иако се потенцијално ризични.

За случајот за кој од вчера се зборува молчи и Генералниот секретар Драги Рашковски?

Рашковски кој постојано е активен на промоција на активности на Зоран Заев не најави дали планира да преземе мерки за да го заштити здравјето на вработените ниту има официјално објаснување зошто не се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести, уредбите на Владата и протоколите за изведување на работниот процес во овие услови?