Десетици вработени во македонските министерства за финансии и економија се во паника откако вечерва грчки хакери упаднаа во две македонски министерства, за финансии и економија, јави емисијата Заспиј ако можеш на Алфа Телевизија.
Грчката хакерска група „Силна грчка армија“ упаднаа во македонското Министерство за економија и во Министерството за финансии, по што на твитер објави листа со електронски адреси и лозинки на вработените во овие две министерства.
Освен овие напади, во текот на денот тие ја хакирале и страницата на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на чија страница напишаа:
“Е*ете се Скопјани! Македонија е грчка”,