Група американски ловци синоќа „ловеле“ мал авион кој без дозвола навлезе во воздушниот простор над поширокото подрачје на Вашингтон, а потоа се урна во Вирџинија, јави Ројтерс.
Воените авиони го пробиле звучнот ѕид над главниот град на САД што било причина десетици луѓе да пријават дека слушнале силна експлозија во областа Вашингтон, која ги потресла домовите и предизвикала паника.
Авионот „цесна“, кој може да превезе седум до 12 патници, се урнал во ридско подрачје во југозападна Вирџинија, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Цитирајќи неименуван извор, Си-Ен-Ен објави дека во малиот авион имало четири лица.
Воените авиони не биле причина за падот, тврди неименуваниот функционер. Според информиран извор, се верува дека Цесна возел на автопилот и не одговарал на повиците.
