Македонскиот активист од САД, Гоце Панговски, реагира за поддршката за Украина во војната со Русија од Македонци што не мрднале со прст при преименувањето на Македонија.

„Ако сте Македонци, а немате ниту една објава, коментар, слика, што било коешто ќе потврди дека на кој било начин сте дигнале глас против преименувањето и обезличувањето на Македонија, тогаш не само што немате никакво право да зуцнете што било за поддршка на Украина или да се китите со украински знамиња, туку треба да ви е кристално јасно дека, меѓу другото, војните по светот се случувале и се случуваат токму поради таквите помодарски и безрбетни вејки на ветрот како вас.

П.С. За тие што со цел памет ќе се дрзнат да тресат глупости од типот ‘лесно е од странство да се протестира за Македонија’ или слично. Прво, доообро преслушајте се со што тоа вие сте ја задолжиле или придонеле за Македонија повеќе од мене или од кој било друг? Второ и поважно, тие што така ‘резонираат’, иако е просто неверојатно, ама, сепак, се на пониско ниво во секој можен аспект на нормално човечко битисување од овие што сега божем се загрижени за суверенитетот и правата на Украина и на Украинците, а никогаш и со ништо не покажале дека се залагале или се бореле за правата на сопствената татковина Македонија и на Македонците“, порачува Панговски на Фејсбук покрај споделената сопствена објава од 5 март 2018 година со текстот: „Јас со синовите од Сиетл се придружуваме на глобалниот македонски протест за неменување на името на Македонија“.