Александар Пандов, претседателот на новоформираниот патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, го предупреди Јанчев, дека на најавениот протест во понеделник ќе донесе партиски членови во исто време и во исто место за време на протестот пред партиското седиште во Скопје.
Актуелниот градоначалник на Кавадарци, а поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев кој е претендент за лидерската позиција на ВМРО–ДПМНЕ повика на протест во понеделник пред седиштето на матичната партија..
Протестот е со цел барање на оставка на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Протест е во план да се одржи во понеделник во 12 часот пред белата палата.