Пандов: И на Борис Трајковски ќе му го земат булеварот!?

Најавената промена на имињата на над 570 улици, плоштади, мостови, знаменитисти,,,, во Скопје предизвикува реакции:

„Се брише името на Христо Батанџиев, на Борис Трајковски, на Теодосија Гологанов, или ако сакате на нобеловката Мајка Тереза, а на нивно место се ставаат имиња на ликови кои што немаат никаква допирна точка со Градот Скопје и со македонската историја, а како капак на сето тоа сигурно по наредба на Зоран Заев, шефот на Шилегов ќе имаме улица која ќе го носи она срамно обележје и потпишувањето на договорот од Нивици со кое што да потсетам ни се смени уставното име. Тука не застанува тој идентитетски геноцид кој што го прави Шилегов и Заев сега, туку измислија дека треба цела листа на имиња на луѓе кои што ја сочинувале призренската лига, ќе бидат носители на имиња на улици низ Градот Скопје“, реагира Александар пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

„Чисто за потсетување Призренската лига е создадена и главната идеја на таа Призренска лига е правење на Голема Албанија. Повторно, како многу пати досега идејата на Шилегов и на Заев е да се фрли коска која што наместо да се разговара во ова општество за она кое што е клучно криминал и корупција, ние треба повторно да разговараме за меѓуетнички теми. Оттука со индигнација ние како Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ги отфрламе овие имиња и остро се спротивставуваме на нив – порача Пандов,