Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, кој на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам го одигра својот 122. и последен натпревар за националниот тим, со позитивни впечатоци од македонското деби на Европското првенство.

„Срцето ми е полно. Посебно е чувството кога ќе видиш толку многу Македонци што те бодрат во Букурешт и во Амстердам. Направивме нешто што вечно ќе остане во сеќавање. Им благодарам на сите што беа дел од оваа моја дваесетгодишна бајка. Го дадов максимумот од мене и време е да кажам крај“, изјави најдобриот македонски фудбалер во историјата.

„По 20 години носење на овој свет дрес среќен сум што вака ја завршив кариерата – со настап на ЕП. Немавме искуство, ни недостигаше малку за да направиме резултат. За мене ова е, сепак, големо нешто и вечно ќе се сеќавам на овие моменти“, додаде Пандев.