Македонските фудбалски репрезентативци предводени од Горан Пандев во јуни ќе имаат одлични услови за тренинг пред мечевите на ЕП 2021.

“Македонија потпиша договор со кој за време на Европското првенство да тренира на новиот стадион на „Стеауа“.

Репрезентацијата на Македонија се пласираше, за прв пат, на завршен турнир”, пишува на официјалниот сајт на европскиот првак Стеауа, клуб формиран во 1947 година.

Во натпреварите по групи Македонија во Букурешт ќе игра против Украина и Австрија а третиот меч со Холандија ќе го игра во Амстердам.