Владата испрати покана по повод државниот свечен настан и одбележувањето на годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев во сабота во црквата Св. Спас-Скопје.

„Во чест на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, свежо цвеќе на вечното почивалиште ќе положи претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од претседателот на владата Димитар Ковачевски, придружуван од прв заменик на претседателот на владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска“ – се вели во поканата под Владата до медиумите за акредитација за следење на настанот.