Палењето возила во Прилеп доказ дека владее беззаконие, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската партија во соопштение реагира на заканите и палењето на возила во Прилеп, кои покажуваат дека во оваа земја подземјето и власта се во коалиција.

„Како поинаку да се толку фактот што наместо вистинските организатори и поттикнувачи на овие акти на закана, се апсат тривијални ликови.
Палењето на три возила за помалку од еден месец, меѓу кој и возилото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој јавно кажа дека е против бугарските ултиматуми, покажуваат дека во државата владее беззаконие кое Спасовски го телерира, па дури и го стимулира.
Полицијата за жал се претвори во нем сведок на криминалот кој владее со земјата. Тоа е така затоа што некои високи функционери ги мотивираат криминалците да прават дела против оние кои размислуваат поинаку од власта, а за возврат добиваат заштита.
Ова ќе престане, а извршителите и нарачателите на ваквиот криминал ќе одговараат. Нема Македонија да биде заложник на оваа криминална власт и нивните пријатели од подземјето, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.