Пакетче со витамини и минерали од државата за секој пензионер во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ претстави пакет-помош за пензионерите, кој се состои од по едно пакување со витамините Ц и Д3 и уште едно со минералот цинк.

„Сите добри витамини и минерали за јакнење на имунолошките функции за јакнење на вашиот организам. Тоа е уште еден мал подарок од државата, не сметајќи ги оние два пати по 30 евра, плус 50 евра, кои ќе бидат само за пензионерите. Вкупно 110 евра“, вели тој во видеото поставено на неговиот профил на Инстаграм.

Вучиќ во него додава дека тоа е еден мал знак на внимание за сето тоа што пензионерите го имаат направено за Србија и „поради сето она што ни го оставија“.