Платформата за онлајн купување и интернет супермаркетот Пакет.мк е номиниран на годинашните eCommerce Awards за избор на најдобрите во македонската е-трговија. Пакет.мк е номиниран во повеќе категории меѓу кои и главните две категории, Е-трговец на годината и Најпопуларна е-продавница.

Гласањето за eCommerce Awards е веќе во тек и ќе трае до 15.02.2023 а за титулата најдобра е-продавница се натпреваруваат десетици е-продавници, специјализирани по производ или за широка потрошувачка.

Пакет.мк, освен што е една од првите е-продавници и најголема платформа во Македонија, располага со голем број корисници како резултат на широката понуда на производи, брзата достава, ефективна грижа за корисници и најдобро искуство за плаќање. Пакет.мк со донаторската акција „Направи повеќе“ со која им се помага на социјално загрозени семејства да добијат основни намирници, е единствената општествено одговорна е-продавница. Пакет.мк го започна проектот „Направи повеќе” со цел да придонесе да се намали бројот на семејства со потешкотии да се набават намирници за исхрана и хигиена преку принцип на донирање со дигитална, брза и транспарентна донација.

Натпреварот “E-commerce Awards” се организира втора година по ред, а Пакет.мк претходната година освои 5 награди во различни категории. Натпреварувањето започна и се одржува следејќи ја големата експанзија на онлајн трговијата и со ова натпреварување покрај што се препознава и наградува работата на домашните е-трговци, уште целта е да ја подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и унапредување на понудата во е-трговијата – се вели во соопштението од платформата Пакет.мк.